Нашиот хотел овозможува специјални услуги на барање на гостите со цел да го направиме Вашиот престој колку што е можно подобар. Обезбедуваме специјални романтични декорации во собите за парови како што се цвеќиња, шампањ, свеќи и бонбони - цена по договор.
Нашиот хотел има лиценциран туристички водич кој може да ви помогне да ја осознаете убавината на Македонија на еднодневни патувања на најразлични локации низ Македонија и соседните земји. Исто така обезбедуваме и превоз од и до сите аеродроми на Балканскиот Полуостров. За подетални информации за нашите услуги контактирајте не! Ни претставува задоволство да одговориме на вашите барања.