Вила Света Софија има пет соби со максимален капацитет од 13 особи. Секоја соба е декорирана со особено внимание, со луксузен мебел како што се рачно ткаените килими, драпериите, прекривките и рачно изработените резби кои донесуваат елегантен допир во собите. Сите соби се опремени со врвни технолошки апарати како што се: персонални климатизери, централно греење, мини бар, телефони, бесплатен безжичен интернет, LCD телевизори со кабловски приклучок. Секоја соба има свој посебен тоалет опремен со модерен туш.
Од огромна важност е безбедноста на нашите гости која е загарантирана со противпожарните аларми кои се наоѓаат во сите соби на хотелот и се директно поврзани со рецепцијата и Противпожарната Станица - соодветно со скорешните Европски Безбедносни норми.