Вила Света Софија има две сали со максимален капацитет од 80 особи кои се идеални за уживање во елегантниот и романтичен дух на ова убаво место. Исто така во склоп на хотелот има и просторна летна тераса на брегот на езерото со бесплатни лежалки и чадори за сонце за сите наши гости. Во нашите ресторани оживеан е традиционалниот дух на Македонија, но исто така може да се дегустираат и врвните модерни специјалитети на новото време. Нудиме опширно мени на автентичната македонска кујна приготвена и послужена во традиционални грниња, како и нови, светски познати специјалитети. Нашите ресторански сали Ви стојат на располагање и за организирање на најразлични прослави како и за организирани оброци за туристички групи, со претходно дефинирани менија.